Колку е безбедна пластиката од која јадете и пиете?

Храната и пијалоците за да траат подолго и за да бидат достапни до сите луѓе на сите места во светот мораат да бидат соодветно спакувани. Најчесто се користи пластиката бидејќи нуди најповолни услови, како и ниска цена. Но колку е безбедна таа за Вас? Многу пати сте сретнале бројка од пластика и трите кружни стрелки за рециклирање, но не сте ја знаеле пластиката, ниту дали таа е безбедна за нас. Еве мало запознавање и водич при избирањето и одбегнувањето на пластиката.

1. PET или PETE – полиетилен терефтелат

Шишиња за сок, вода, кечап и други напитоци, се сретнува и во форма на тегли за краставички, мармалади, путер од кикирики и друго.

ДОБРА ПЛАСТИКА: истражувањата до сега не покажале дека испушта хемикалии кои предизвикуваат рак или пак ги пореметуваат хормоните.

 

2. HDPE – полиетилен со висока густина

Шишиња за млеко, јогурт и масло за јадење, облога за кутиите од житарици и друга спакувана храна, кеси за ѓубре и кеси за во маркетите.

ДОБРА ПЛАСТИКА: истражувањата до сега не покажале дека испушта хемикалии кои предизвикуваат рак или пак ги пореметуваат хормоните.

 

3. V or PVC – поливинил хлорид

Мрсната хартија во месарите со која се пакува месото и други видови на грана кои се онложени со ПеВеЦе.

ЛОША ПЛАСТИКА: за да омекне до нејзината еластична форма, за време на производството и се додаваат пластификатори. Траги од хемикалиите се пренесуваат и на храната кога ќе дојде во контакт со ПВЦто. Според Националниот Здравствен Институт, DEHP кој се сретнува во ПВЦ, постојат докази дека предизвикува рак.

4. LDPE – полиетилен со ниска густина

Кеси за пакување леб и смрзната храна, како и стисливи шишиња.

ОК ПЛАСТИКА: истражувањата до сега не покажале дека испушта хемикалии кои предизвикуваат рак или пак ги пореметуваат хормоните, но не се рециклира толку многу како #1 и #2.

 

5. PP – полипропилен

Некаде се користи како шишиња за кечап. јогурт и масло за јадење.

ОК ПЛАСТИКА: опасна е за време на производството. Истражувањата до сега не покажале дека испушта хемикалии кои предизвикуваат рак или пак ги пореметуваат хормоните, но не се рециклира толку многу како #1 и #2.

 

6. PS – полистирен

Позната како стиропор, се користи за изолација, како и за некои чаши и играчки изработени од стиропор.

ЛОША ПЛАСТИКА: Бензенот (материјал кој се користи при производството) е познат како предизвикувач на рак кај човекот. Бутадиенот и стиренот (основните градбени блокови на пластиката) се под сомнение дека се канцерогени. При рециклирање се користи многу енергија, а сепак многу малку се рециклира.

 

7. ДРУГА пластика – најчесто поликарбонат

Бебешки шишиња, внатрешноста на микробрановата, прибор за јадење, пластичната облога на металните лименки.

ЛОША ПЛАСТИКА: направена е со бифенил-А, хемикалија измислена околу 1930г. додека хаучниците се обидувале да произведат синтетички естроген. Оваа пластика ги пореметува хормоните. Симулира својства на естроген за време на тест истражувањата на ракот на дојката. Може да испушти хемикалии во храната.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.