Оваа изрека “само уште денес” ви е доста позната на сите, вие најдобро си знаете за тоа колку пати успеала да ве порази!!! Без разлика дали станува збор за желбата да се откажете од пушење цигари, да ја намалите вашата тежина, да се откажете од алкохолот или од било кој ваш порок или лоша навика.
Недостатокот на самодоверба и самоконтрола се двигателите кој ве принудуваат да потпаднете под влианието на оваа изрека и да се лажете себе си дека само уште денес ке јадете чоколада а од утре сте повторно на диета. Прекршувањето на своето јас е еден од факторите кој влјаат негативно врз вашиот карактер.
Ќе го земам за пример пушењето цигари! Првично, после нарушувањето на самоветеното дека повеќе не палите цигара, а наредниот ден потпаѓате под влианието на изреката “само уште денес”, тогаш не успешниот обид за откажување од нив продолжува, а вашето его ве тера да им кажете на другарите/ките дека вие доколку сакате, можете,но не сакате тоа да се случи. Оваој момент, го ослабнува вашиот карактер и ве прави да бидете лабилна личност.
За да ги избегнете ваквите ситуации во вашиот живот, потребно е да работите на зајакнување на самодовербата и самоконтролата.