Како последица на модерниот начин на живот, ние сме во состојба да се повеќе јадаеме конзервирана храна. Произведителите на конзервираните продукти (брзата исхрана), користат маркетинг-трикови, за да ве убедат дека нивните продукти се пакувани на современ и нај соодветен хигиенски начин кој не влиае врз вашето здравје. Сепак, се чини дека не е све така розово како што пишува на продуктите.
Во една неодамнешна студија која беше објавена во весник на Американската асоцијација на лекарит,беше направено истражување за ефектите од користење на конзервирана храна и внесот на потенцијално опасни материи во нашиот организа. Една група на истражувачи од Универзитетот Харвард (САД) на примерок од 75 студенти откриле дека внесувањето на конзервирана храна за само пет дена ја зголемува концентрацијата на бисфенол во организмот и, следствено, во урината од над 1000%! Бисфенол се користи за да се спречи рѓосување на лименките и во производството на пластика. Овој конзерванс предизвикува голем број здравствени нарушувања: ги зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и нарушувањата во однесувањето кај децата. Се чини дека јадењето конзервирана храна, не е безопасно како што се претставува. Во случај да не можете да се воздржуваат од јадење на конзервирана храна, барем проверете дали во составот на производот или на пакувањето содржи бисфенол.