Дали црвеното месо дебелее или создава мускули?

Конзумирањето на говедско месо може да го зголеми внесот на заситени масти и калории, но тоа не треба да биде причина за да го избегнувате црвено месо целосно, бидејќи содржи голем број на хранливи материи, вклучувајќи цинк, железо, креатин и белковини – тоа се, потребни материи  кој служат за изградба на здрава мускулна маса.

Белковини
Конзумирањето на белковини е од витално значење, за мускулите, кожата, коските, 'рскавицата и крвта. Белковините се исто така одличен извор на витамини, ензими и хормони. Според ChooseMyPlate.gov се препорачува за возрасните жени да се внесува околу 140 грама белковини дневно. Возрасни мажи треба да консумираат помеѓу 150 – 185 грама белковини дневно во зависност од возраста. Важно е да се напомене дека овие препораки за внес на белковини се претежно за неактивни поединци. За спортистите може да се препорача да го зголемат внесот на белковини  во зависност од нивото на нивната активност.

Креатин
Месото, особено црвеното месо, содржи високи нивоа на креатин. Кога креатинот ќе влезе во организмот, тој се претвора во една хемиска супстанца наречена креатин-фосфат, која се складира во мускулите. Во текот при изведувањето на физички активности, како што се кревање тегови или спринт, креатинот-фосфат  се претвора во аденозин трифосфат, хемикалија која обезбедува главен извор на енергија за нашиот организам.

Железо
За најдобар и најбогат извор на железо за спортистите се  смета црвеното месо. Железото се наоѓаат во црвените крвни клетки во една супстанција наречена хемоглобин, која е одговорна за доставување на кислород во различни делови на телото. Бидејќи кислородот е неопходен за производство на енергија за мускулите, одржувањето на нивото на железо во организмот е од витално значење.

Цинк
Црвеното месо е одличен извор на цинк, и наоѓа голема примена  во рамките на функцијата на човечкиот организам. Цинкот игра голема улога во поддршката на имунолошкиот систем, што е важно, за бодибилдерите кои тренираат за да ја подобрат нивната мускулна маса. Кај мажите, цинкот, го накачува нивото на тестостерон и се грижи за здравјето на простатата.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.