Наместо веднаш да посегувате по апчиња кога ви е намлен имунитетот,ние ви препорачуваме да пробате да го подобрите на природен начин и тоа преку користење на некои од следниве билки :
Босилок – се употребува како чај, за зачинување на салтаи,супи,житарки,а и е во одлична комбинација со маслиновото масло. Препорачлив е за нередовна и болна менструација; депресија мачнина, надуеност, астма, кашлање, за нега на дехидрирана и осетлива кожа.
Црвен кантарион – препорачлив е за луѓето кои што имаат проблеми со слабокрвност, проблеми со желудникот и недоволен апетит (помага да се отвори апетитот), како и босилокот е препорачлив за менструални болки.
Жен – Шен – помага во борбата со микроорганизмите кои го напаѓаат организамот на човекот, а нарочно со заморот кој е последица на некоја болест. Особено е препорачлив за спортистите поради неговите лековити својства во однос на: оптеретеност, премореност, мачнини и повраќање, вртоглавица…
Цимет – циметот е всушност зачин кој е сладок на вкус и има смирувачко дејствие. Треба да предупредиме дека не е убаво да се претера со истиот и никако несмее да конзумирате 1 лажица цимет на гладно срце, затоа што може да предизвика инфаркт. Затоа е најдобро да се комбинира со мед или да се употреби во лимонада,пола лажица е сосема добро. Тој е корисен како лек за забоболка, губење на коса,настинки, артритис, инфекции на мочен меур, холестерол, варење итн.
Коприва – особено препорачлива за оние кои имаат проблеми со крвта,ја подобрува крвната слика. За неа се вели дека е магична тревка токму затоа што содржи многу корисни материи. Копривата се користи и за болно мокрење (крваво мокрење), кашлица, проблеми со црниот дроб, жолчката и слезината.
Жалфија – ако убаво се информирате, ќе дојдете до заклучок дека најголем број од сирупите против кашлица и проблеми со дишните патишта се направени токму од ова растение… Наместо да консумирате сируп, можете ова растение да го консумирате онакво како што ни го дала природата – во неговата вистинска и природна форма. Покрај тоа што е корисен за кашлица и проблеми со дишните патишта,се користи како лек за цревни заболувања, намалување на крвниот притисок, зноење.
Ајдучка трева – се користи за лекување на панкреасот, цревата и желудникот, грчеви, треска, прилив на крв во главата, болки во рбетот и на грбот, несоница, разни бронки и чирови.