Како да се јаде и подготви зеленчукот?

Општо познато е дека зеленчукот треба да се јаде во својата природна состојба,онаков како што сме го земале од природата, затоа што со пржењето на истиот се губат голем дел од неговите лековити и хранливи материи потребни за здравјето на нашиот организам.
Сепак постои одреден вид на зеленчук кој што поради својата специфичност, бара подготовка, па дури и да биде подготвен на оган.


За таквиот зеленчук, најдобро е да се се вари неколку минути на тивок оган, со мала количина на вода, без да се додава масло. Со таквиот начин на подготовка, во зеленчукот се чуваат соковите и сите полезни минерални материи. Доколку зеленчукот се вари во голема колична вода, тогаш минералните материи ќе останат во неа (ако го варите на овој начин, тогаш не фрлајте ја водата, туку искористете ја за да направите супа.

Пример:супа од компир,брокула…).
Масло може да се додаде, но сосема малку и тоа, само тогаш кога тој е подготвен т.е при самото послужување, а најпрепорачливо е ако веќе додавате масло тоа да биде, маслиново масло.
Во однос на посолувањето, најдобро е да се избегнува. Но доколку не можете да го избегнете, тогаш употребувајте само морска, нерафинирана сол и тоа тогаш кога јадењето веќе ќе се послужува.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.