Дали некогаш сте помислиле дека со масажа на стапалата индиректно влијаете смирувачки на другите делови од телото…?
Рефлексологијата е всушност лекување со помош на мацажа на стапалата.
На табаните се концентрирани многу голем број на нервни завршетоци,а спротивните краишта на тие нерви се разместени по сите други делови на телото.Според тоа стапалата претставуваат мапа на целото тело.Кога ги масираме само нив,фактички ние ги симулираме и другите делови на телото.Затоа за стапалата се вели дека имаат значајна улога во нервниот систем на телото.
Впрочем стапалото не се масира туку едноставно се притиска со палецот на одредената точка.Цврсто се притиска неколку секунди,а потоа се преминува понатаму.