На секој му се случило и може да му се случи да има проблем со тврда столица. Главна причина за тврдата столица е пред се неправилниот начин на исхрана односно претерано користење на сува и варена храна која ја намалува ефикасноста на цревата.
За да се воспостави повторно нормалната функција на цревата ви ги препорачуваме следниве природни методи :
– спанаќ (супа или сок од спанаќ)
– морков (да се земе во својата природна состојба или сок од морков)
– цвекло
– краставица
– сок од цвекло и краставица
– семки од тиква
– млеко
– вода ( покрај другите лоши резултати на невнесувањето доволно количество вода ,резултат на тоа може да биде и тврда столица, па затоа се препорачува да се внесува поголемо количество вода во текот на денот,не да се претера туку онолку колку што човекот треба да внесува 2л на ден).