Тренинг при високи Афрички температури

ДАЛИ СЕ ПРЕПОРАЧВА СПОРТУВАЊЕ НА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ?

Вежбањето е од суштинско значење за нашето здравје, затоа спортувањето е неизбежно и во временските периоди кога температурата достигнува и до 40 С. Секако дека треба да се спортува и во овие услови, но со поголеми мерки на претпазливост:

Треба да се избегнува спортување во попладневните часови, кога денот ја достигнува  највисоката температура. (Нај погодно време за спортување во текот на денот е  во Утринските часови од 5 до 7 и Приквечер од 19 до 21 часот).

Да се пие доволно течности и да се конзумира соодветна исхрана (избегнувајте да козумирате обоени сокови за време на тренинг, благи енергетски напитоци, или било какви концентрирани сокови); (јадете повеќе свежо овошје и зеченчук, а избегнувајте мрсна и пржена храна).

Тренинзите да бидат пократки од вообичаеното, и

да се користи соодветна  опрема (светла и лесна и комфорна облека, наочари за сонце, марама).

ПОСТОЈАТ ЛИ ОПАСНОСТИ ОД ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ПРИ АФРИЧКИ ТЕМПЕРАТУРИ?

Кога температурата е на виско ниво, нашиот организам во вакви ситуации се обидува да ја одржи  температурата на нашето тело и испраќа повеќе крв да циркулира низ кожата со цел да не олади, а со тоа го намалува нивото на крвта во мускулите со што предизвикува покачена работа на срцето.

Поради ова може да дојде до појава на:
– Топлотни грчеви. Топлотни грчеви се болни мускулни контракции на нозете и стомакот. Но вашата телесна температура  е нормална.
– Топлотна исцрпеност. Со топлотната исцрпеност, вашата телесна температура се крева високо до 40С и може да се доживее гадење, повраќање, главоболка, несвестица, слабост и ладна леплива кожа. Доколку не се превземат соодветни мерки, ова може да доведе до топлотен удар.
– Топлотен удар. Топлотниот удар е опасна по живот. Ова е вонредна состојба која се случува кога вашата телесна температура е поголема од 40 С. Вашата кожа може да биде топла, но вашето тело може да престане да сe поти,што може да се развие конфузија и раздразливост. Во вакви ситуации ви треба итна лекарска помош за да се спречи оштетување на мозокот, нарушување на органите, па дури и смрт.

Избегнувајте употреба на суплементации, затоа што дополнително ја отежнуваат функцијата на вашиот организам  и ве доведува до поголема дехидратација.

 

Гостувањето на Даниел во Емисијата Журнал во Сител.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.