Што е нормално отчукување на срцето при мирување

За возрасни, нормалното оотчукување на срцето при мирување се движи од 60-100 отчукувања во минута. За професионалните спортисти, нормалното оотчукување на срцето при мирување  може да биде приближно до 40 отчукувања во минута. За здрави лица, пониското оотчукување на срцето при мирување генерално имплицира поефикасна срцето функција и подобар кардиоваскуларен фитнес.

За да го измерите вашето отчукување на срцето, едноставно проверете го вашиот пулс. Со дланката насочена  нагоре, поставете два прста на внатрешната  страна на вашиот зглоб – или ставете ги двата прсти (показалецот и средниот прст) на вратот на страна на вашиот душник. Кога ќе го  почувствувате вашиот пулс, се брои бројот на отчукувањата во 10 секунди. Потоа добиениот број на отчукувања помножете го со бројот 6 за да утврдиш колку пати чука твоето срце во една минута.

 

 

Имајте на ум дека многу фактори можат да влијаат на вашата срцева фрекфенција, вклучувајќи:

– Нивото на активности

– Вашето фитнес ниво

– Температурата на воздухот

– Положба на телото (стоите, седите  или лежите, на пример)

– Емоциите

– Вишокот на килограми

– Крвната слика

– Употребата на лекови

Иако границите за нормална функција на срцето се поголеми, невообичаеното високо или ниско отчукување на срцето може да укаже на некои основни проблем. Консултирајте го вашиот лекар ако вашето нормално оотчукување на срцето при мирување постојано е над 100 отчукувања во минута (тахикардија) или под 60 отчукувања во минута (брадикардија) – особено ако имате други знаци или симптоми, како што се онесвестување, вртоглавица или лесно се задишувате.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.