Одржувањето на рамен стомак е предизвик. За да го надминете овој предизвик, клучот е во тоа дека треба да се внимава на исхранта, а не само да се прават бесконечно вежби за стомачни. Вие секогаш ќе имате рамен стомак доколку внимавате на внесот на калории, да не јадете повеќе отколку што имате дневна потрошувачка. Но штом ќе почнете да јадете повеќе калории отколку што ќе согорите, вашето тело ќе започне со складирање на вишокот на масти. Одредени видови храна предизвикуваат да се здебелите побрзо, бидејќи тие се богати со калории, но со малку хранливи материи. Никогаш не треба да ги јадете овие видови на храна кои ќе го загрозат вашиот физички изглед.
Масно месо
Масните меса, како што се јагнешко месо, говедско и свинско се богати со заситени масти, односно лошите маснотии во исхраната кои треба да се избегнуваат. Тие водат до висок холестерол, затнати артерии и срцеви заболувања. Заситените масти се исто така високи во калории, така што јадењето премногу од нив може да доведе до зголемување на телесната тежина. Изберете посно пилешко или риба наместо масни меса, или не јадете месо воопшто.
Шеќер
Шеќерот е ништо повеќе од празни калории, и не ви е потребен во вашата исхрана. Секогаш кога ќе јадете слатка храна како бонбони или некој пијалок како газиран сок, калориите брзо се складира како маст, ако тие не се потрошат веднаш. Избегнуваите храна во која има додадено шеќер во него, како што се бонбони, колачи, торти, сладоледи и газирани сокови.
Бели печива – тестенини
Тестенини, бел леб, бисквити или било кое друго печиво или храна направена од бело брашно, немаат речиси никаква хранлива вредност, бидејќи тие се во голема мера обработувани и се претежно празни калории. Овие видови на храна , исто така, имаат додадено шеќер и транс масти.
Алкохол
Алкохолот е богат со празни калории, исто како шеќерот. За да се направат работите уште полоши, многу алкохолни пијалаци се мешаат со други засладени течности, како сода или едноставно сируп, кој додаде повеќе празни калории. Покрај тоа што алкохолот е богат со со празни калории вашето тело ќе ги складира и зачува како масти. Алкохол е исто така катаболичен, така што, всушност, ќе го успори растот на вашите мускули. Алкохолот е најголем непријател на спортистите поради тоа што го зголемува процентот на поткожно масно ткиво, а го намалува обемот на мускулиуте.
Чипс – помфрит
Чипсот е натоварени со непотребни калории. Една порција на чипсо, кој е околу 15 парчиња чипсови, е околу 160 калории. Голем е проблем со чипсот, поради тоа што една порција не заситува, а луѓето генерално јадат повеќе од една порција на едно јадење.