Кога станува збор за напредок, сите сакаме да ги добиеме најдобрите резултати за што е можно пократко врме или народно кажано преку ноќ.
За да се достигнат финалните чекори не е доволно само по себе да се има совршена тренажна програма, треба да се вложи и упорност и трпение а со нив доаѓа и напредокот.
Мора да продолжите да тренирате редовно, да бидете трпеливи за целните резултати (поголем мускулен раст, намалување на вишокот килограми, подобра кондиција итн.) и секогаш следете го и набљудувајте го вашиот прогрес.
1. Упорност – Сакате да се здобијат со мускулест изглед? Тогаш мора да бидете упорни, мора да се вложува максималниот труд и да се работи напорно, “престанете да се лажете самите себе.”
2. Трпение – Исто како и упорноста, трпението игра доста голема улога. Морате да научите дека најдобрите резултати доаѓаат со трпението. Не е важно што ви велат нутриционистичките компании кои продаваат суплименти или фитнес списанијта, вие сигурно нема да се здобиете со 5кг цврсти и чиста мускулна маса за еден месец тренинг, ако беше све толку лесно, сите ќе изгледа како професионални бодибилдери со по само една година тренинг во некој фитнес клуб.! Имајте трпение и продолжете и понатаму да тренирате за да ги постигнете посакуваните резултати.
3. Напредок – За да го забележете напредокот и за да знаете до каде е вашиот прогрес, потребно е да ги запишувате вашите тренинзи и да правитее тестирање на 4-6 недели за да видите уште колку ви фали до посакуваните резултати.