Еве зошто треба да ослабете

Знаете дека треба да имате целосна контрола врз она што ќе го внесете во вашата уста. Никогаш не јадете ништо случајно.

Борбата со слатките колачи кои ве тераат залудно да ги конзумирате, е продукт на вашата имагинација.

Намалувањето на вишокот килограми ќе придонесе:

  • Намалување на воспалението во организмот и подобрување на имунолошкиот систем
  • Управување со стресот и намалување на производството на хормонот кортизол во организмот
  • Создавањето на здрав стомак доведува до намалување на кортизол и помалку воспаление
  • Управување со инсулинот и толеранција на глукоза со диета и редовна физичка активност
  • Елиминирање на храна што не можете да ја толерирате
  • Елиминирање на храна, кои се целосно нездрави
    
Неколку работи што треба да ги знаете за слабеењето:

  • Салото е составено од два вида на масти:
1) поткожното масно ткиво, кое е  под површината на кожата и може да се измери со прстите или дебеломер (калипер) при мерење на телесните масти.
2) Висцералнo масно ткиво, кое се наоѓа внатре испод абдоминалниот ѕид, под мускулите, околу внатрешните органи и не може да се мери со дебеломер.
  • Висцералното масно ткиво се смета за метаболички активен "орган" бидејќи ослободува супстанции наречени adipokines, кои сигнализираат:  протеини кои го зголемуваат крвниот притисок, сигнализира сголемување на  ЛДЛ лошиот холестерол, и менување на чувствителноста на инсулин, што предизвикува дијабетес.
  • Adipokines  кои се ослободува од висцералното масно ткиво всушност ги деградира мускулите и ги  претвори во масти!
  • Дијабетес и големите количини на висцерални стомачни мастисе обично поврзани здравствени проблеми кои се тесно поврзани со развојот на кардиоваскуларни болести.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.