Како да го зголемите хормонот за раст по природен пат

Многу луѓе сметаат дека хормонот за раст  е Светиот Грал на здрајето и младоста.. Како што старееме, производството на хормон за раст во нашиот организам значително се намалува. Всушност, на 40 годишна возраст се намалува околу половина од производството на хормон за раст во организмот. На возраст од 80 години ќе се произведува само  околу 5% .

Некои неодамнешни истражувања дадоа значителен сомнеж на хормон за раст дека содржи анти-стареечки својства. На пример, една студија од 2010 година изведена на глувци покажа дека со користење на дрога која го инхибира хормонот за раст, ја подобрува долговечноста, теломеразата, и појавата на рак. Со други зборови, инхибицијата на хормон за раст изгледа како стварно да е еликсер на младоста.

Исто така, имајте на ум дека хормон за раст сеуште е премногу скап на пазарот за суплементи. Но затоа е релативно лесно да се зголеми нивото на  хормон за раст по природен пат.  Еве како можете тоа:

 

1) Спиење. Се надеваме дека сте ги прочитале нашите линкови за спиење(1 , 2) и, доколку сте го сториле тоа, веќе знаете дека спиењето го потикнува лачењето на тестостерон, го подобрува вашето здравје, меморијата и хормонот за раст. Ова е една од причините поради која искусните бодибилдери често велат дека мускулите растат во текот на ноќта додека спиеме, а не во текот на денот додека вежбаме во теретана.

 

2) Интензивно вежбање. Интензивното вежбање е вид на тренинг кој ослободува потење и дишење во голема мера. После ваков тренинг, драматично се зголемува производството на вашиот хормон за раст, за само неколку часа после вежбањето, секако ако го направите тоа на правилен начин. Кој е "правилниот начин"? Прочитајте ги овие 2 линкови за да дознаете нешто повеќе за интервалниот тренинг (1 , 2).

 

3) Креатин. Истражувачите откриле дека Креатинот, како познат и добро проучен бодибилдерски додаток, го зголемеува хормонот за раст после конзумирањето, дури и кај оние кои не направиле тренинг. Сепак, постојат неколку работи кои треба да ги имате на ум за оваа студија: тоа е дека во нејзе биле вклучени само 6 млади луѓе. Тројца од нив доживеале многу значителен пораст на хормон за раст, но другите тројца многу помалку. Значи ова зависи многу од индивидуалната физиологија и други фактори.

 

4) L-Аргинин. Внесот на големи дози, 7-9 g / на ден, на L-Аргинин, значително  го зголемува производството на  хормон за раст. Сепак, јас препорачувам екстремна претпазливост за не поголеми дози  од > 3g/ на ден како што беше дискутирано во оваа СТАИЈА за аргинин. Дози од околу 2 g / на се смета за безбедно.

5) Инсулин. Инсулинот е  во негативна корелација со хормонот за раст. Со други зборови, што повеќе инсулин во вашиот организам, толку помалку хормон за раст ќе имате. Инсулинот ќе остане на постојано високо ниво, и ќе го намали нивото на хормон за раст доколку конзумирате високи гликемиски оброци. Јадењето многу шеќери и скробни јаглехидрати, го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта и затоа се лачи повеќе инсулин кој се смета за анти-хормон за раст. Затоа, бидете внимателни да не јадете оброци со високо ниво на јаглехидрати пред да легнете да спиете, бидејќи ноќта е најдоброто време за ослободување на хормонот за раст.

 

6) Смеење. Се чини дека хормонот за раст може да биде многу чувствителни на хумор. Во една студија која датира од 80-тите години, ни покажува дека имало во просек 87%  зголемување на хормонот за раст само од прикажување на хумористично шоу.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.