Вежбањето го прави вашиот мозок подобар и поквалитетен

 

Движењето е лек за умот: Еве како вашиот ум се здобива со придобивките секој пат кога ќе спортувате.

1. Вежбањето го поттикнува мозокот да расте

Како што стареете, раѓањето на нови мозочни клетки се забавува, а нашите мозочно ткиво всушност се собира. Вежбањето може да биде во можност да го промени тој процес на стареење. Еден студија изведена со мозочни скенирања на здрави но улежани  луѓе на возраст од 60-79 годишна возраст,  покажаа значителен пораст во волуменот на мозокот по шест месеци на аеробен фитнес тренинг. Истражувачите заклучиле дека подобрената кардиоваскуларна кондиција која доаѓа со аеробните вежби се поврзани со промените во мозокот на постарите луѓе. Кардио тренингот го зголемува протокот на крв во мозокот, при што му обезбедува многу повеќе кислород (мозокот користи до 20 отсто од целиот кислород во вашиот организам).

2. Го зголемува нивото на  хормоните за раст на мозокот

Хемискиот процес познат како (мозочно зголемување на невротрофички фактор – BDNF), го стимулира растот и пролиферација на мозочните клетки. Ова е особено точно во хипокампусот, дел од мозокот кој е во голема мера одговорни за меморијата и која е особено ранлива при процесот на стареење. Колку повеќе вежбате, толку повеќе BDNF) ќе се произведуваат.

3. Се бори  против депресијата и анксиозноста

Депресијата ги забавува способностите на мозокот за обработка на информации,ги отежнува концентрацијата и процесот задоведување на одлуки, и предизвикува вистински проблеми со меморијата. При сериозна депресија, вашиот лекар може да ви препише антидепресиви. За поблагите случаеви, вежбањето може да ви помогне и да го поткрене вашето расположение. Вежбањето го потикнува производството во организмот на серотонин и допамин (мозочни хемикалии од клучно значење за чуство на среќа и за подобро расположение), и го зголемува нивото на ендорфин.

4. Ги намалува ефектите на стресот

Ако некои хормони како BDNF придонесуваат за помладување на мозокот, другите хормони му помагаат при процесот настареење, а тоа е хормонот кортизол. Спорот и расеаното размислување и заборавот се се почесто предизвикани од стрес. Вежбањето го намалува нивото на кортизол,  што ви пога да размислувате повторно без никакви мнентални препреки.

5. Ги подобрува извршните функции на  мозокот

Извршните функии на мозокот во основа се когнитивните способности, како на пример: да се биде во можност да се фокусирате на комплексни задачи, да се организирате, да се мисли апстрактно, да се планира за идните настани. Овдека, исто така се вклучува работната меморија, како што е можноста да се запамти телефонскиот број во вашата глава додека го бирате. Кога истражувачите поставиле за цел да ги анализираат ефектите од вежбањето врз извршните функции, тие направиле 18 добро дизајнирани студии кои покажуваат дека возрасните на возраст од 55-80 години кои редовно вежбаат, се покажаа четири пати подобро на когнитивните тестови од  контролните групи за разлика од оние кои не вежбаат.

6. Ја зголемува чувствителноста на инсулинот

Кога јадете, вашиот организам повеќето од храната  ја претвара во гликоза или шеќер во крвта, кој е главен извор на гориво за вашиот организам, вклучувајќи го и мозокот. За гликозата да навлезе во клетките, тоа мора да биде придружено со хормонот инсулин. За жал, кај некои луѓе, клетките стануваат резистентни на инсулин. О тогаш мора да испумпува повеќе и повеќе од тоа, а сепак шеќер во крвта се зголемува, а тоа често резултира со дијабетес тип 2. Па дури и ако не се развие дијабетес тип 2, инсулинската резистенција е лоша за вашиот мозок. Кога мозочните клетки се поплавени од гликоза, тоа негативно може да влијае на меморијата и размислувањето.

Редовното вежбање, сепак, може да се намали инсулинската резистенција. Колку подобро го контролирате вашиот крвен шеќер, повеќе ќе се намали когнитивните пад при процесот на стареење.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.