За да добиете повеќе здравствени бенефиции, се препорачува да се јаде 5-9 порции вкупно од овие пет групи на бои секојдневно.
Кликни на сликата за подобра прегледност
ЦРВЕНО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Црвеното овошје и зеленчукот ги содржат следниве хранливи материи: ликопен, елагична киселина, кверцетинот, и хесперидин. Овие хранливи материи го намалуваат ризикот од рак на простата и растот на туморот. Тие го намалуваат крвниот притисок и ЛДЛ холестерол. Тие, исто така се борат против слободните штетни радикали.
ЗЕЛЕНО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Зелениот зеленчук содржи хлорофил, растителни влакна, лутеин, зеахантин, калциум, фолна киселина, витамин Ц, калциум и бета-каротен. Овие хранливи материи од овие видови на зеленчук ги намалуваат ризиците за појава на рак, го намалуваат крвниот ЛДЛ холестеролот.. Тие, исто така го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против слободните штетни радикали.
СИНО И ВИОЛЕТОВО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Синото и виолетовото овошје и зеленчук содржат хранливи материи кои вклучуваат лутеин, зеахантин, ресвератрол, витамин Ц, растителни влакна, флавоноиди, елагична киселина и кверцетинот. Овие хранливи материи, го намалуваат ЛДЛ-холестеролот, ги зајакнуваат активностите на имунолошкиот систем, процесот на здравото варење, подобрување на апсорпцијата на калциум и други минерали, го ублажуваат воспалението, дејствувааат како анти-канцерогени својства во дигестивниот тракт, и ги ограничуваат активностите на канцерогените клетки.
БЕЛО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Белото овошје и зеленчук содржат хранливи материи како што се бета-gглуцанс, EGCG (Epigallocatechin gallate) – најпознатата форма на антиоксиданс, и лигнани кои обезбедуваат моќно зголемување на имунолошките активности. Овие хранливи материго го намалуваат ризикот од заболувања на дебелото црево, рак на дојката и на простатата, и урарамнотеженост на хормоните.
ПОРТОКАЛОВО И ЖОЛТО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Портокаловото и жолтото овошјеи зеленчук содржат бета-каротин, зеахантин, флавоноиди, ликопен, калиум, витамин Ц. Овие хранливи материи го намалуваат ризикот од рак на простата. Тие го намалуваат ЛДЛ-холестеролот и крвниот притисок. Промовира формирањ на колаген и здрави зглобови. Овие хранлливи материи се борат против штетните слободни радикали и ја подобруваат апсорпцијата на магнезиум и калциум.