Цврсти и силни стомачни мускули – Издржај 5 минути во позиција на штица

Познатата  "plank" позиција или “позиција на штица”, е онаа позиција која ја завземате пред да почнете да правите склекови. Оваа позиција е одличен предизвик за вашите јадрени мускули.


Сите оние кои сакаат да го поминат тестот “издржај 5 минути во позиција на штица” потребно е да имаа претходна физичка подготовка. Еве како да го постигнете тоа, со помош на неколку варијанти на вежби од позиција на штица.

 

Редослед на вежбите.

1. "Позиција на штица" на лакти (ПШЛ)
2. ПШЛ со / десна рака крената напред
3. ПШЛ со / левата рака крената напред
4. ПШЛ со / десната нога крената горе
5. ПШЛ со / левата нога крената горе
6. ПШЛ со / десната рака и левата нога кренати горе
7. ПШЛ со / левата рака и десната нога кренати горе
8. ПШЛ  на десната страна
9. ПШЛ на левата страна
10. ПШЛ на десната страна со крената  нога
11. ПШЛ на левата страна со крената  нога
12." Позиција на штица" завземена за склекови (ПШЗС)
13. ПШЗС со / десна рака крената напред
14. ПШЗС со / левата рака крената напред
15. ПШЗС со / десната нога крената горе
16. ПШЗС со / левата нога крената горе
17. ПШЗС со / десната рака и левата нога кренати горе
18. ПШЗС со / левата рака и десната нога кренати горе
19. ПШЗС  на десната страна, лактот заклучен
20. ПШЗС на левата страна, лактот заклучен

 

Еве ви работна програма за проценка на времетраењето на вежбата:

– 3 секунди по вежба = 1 минута вкупно времетраење
– 6 секунди по вежба = 2 минути вкупно времетраење
– 9 секунди по вежба = 3 минути вкупно времетраење
– 12 секунди по вежба = 4 минути вкупно времетраење
– 15 секунди по вежба = 5 минути вкупно времетраење

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.