Иако само мала количина на витамин Д (на пример, 600 IU дневно) може да биде доволно за да се намали ризикот од рахитис или скршени коски, тогаш поголемите количини на витамин Д се со поголема веројатност да го поддржат целокупнoто оптимално здравје. Еве некои заболувања, на кои може да им се помогне со поголеми дози на витамин Д.
АЛЕРГИИ. Недостатокот на витамин Д е поврзан со зголемувањето на ризик од алергии, највеќе на полен.
БОЛКИ ВО ГРБОТ. Во извештајот од шест пациенти со хронична болка во долниот дел на грбот, додатоците од витамин Д , ги доведе до делумно или целосно отстранување на болките во грбот.
ФИБРОМИЈАЛАГИЈА. Ниското ниво на витамин Д е типично за оваа заболување, затоа зголемувањето на витамин Д ги намалува симптомите.
СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА. Ниското ниво на витамин Д, е поврзано со до 50 проценти поголем ризик од срцев удар.
МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ. Ниското ниво на витамин Д, во зимскиот период, може да биде голем фактор за појавата на афективно растројство во овој годишен период (што е, сезонска депресија), како и во шизофренија.
РАК НА КОЖАТА. Некои истражувања покажуваат дека за одредени поединци, витаминот Д, во комбинација со изложување на сонце или со употреба на додатоци од калциум, може да се добие од заштита од рак на кожата.
ДИЈАБЕТЕС Тип 2. Значителни истражувања покажуваат дека витаминот Д, често во комбинација со калциум, помага во регулирањето на шеќерот во крвта и може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.
ВАГИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ. Бактерискат вагиноза, ја напаѓа речиси секоја трета жена. Одржувањето на нормално ниво на витамин Д може да го намали ризикот od овој тип на инфекција.