Кога и зошто да се користи тежински-сигурносен појас

Кога ќе отидете во некоја фитнес клуб и најверојатно, ќе видите некој бодибилдер како се  шета низ салата со ставено тежински-сигурносен  појас околу стомакот. Овие појаси не се ништо ново во фитнесот, но она што повеќето луѓе не го сфаќаат е дека тие се сосема непотребни за здрави лица.

Многумина веруваат дека користењето на тежински-сигурносен  појас ќе помогне за спречување на  повреди, ќе го заштитите вашиот грб, ќе имате зголемување на силата, подобрување на вашата форма, и ќе ви помогне да функционирате подобро – но сето тоа е лага. Всушност, користењето на тежински-сигурносен  појас може да предизвика проблеми со што ви дава лажно чувство на сигурност, и, во некои случаи, може да предизвика мускулна нерамнотежа и повреди.

 


Олимписките кревачи на тегови користат тежински-сигурносен  појас само кога ставаат преголеми тежина при изведување на чучњеви и мртви поткревања, и повеќето имаат исклучително здрав грб.

Повеќето искусни лифтери кревачи на тегови користат појас при подигање на или над 90% од нивниот 1RM (Максималниот број на повторувања). Ова значи дека тие користат појас само за нивните најтешките лифтови за време на тренинг и натпревар, а не за да го заштитат или зајакнат нивното јадро. За оние кои се почетници, може да се препорача користење на појас на или над 80-85% % од нивниот 1RM со цел да се навикнат на појасот.
Важно е да се напомене дека главната причина за која лифтерите користат појас не е да се спречи повреда, туку за да се зголеми ефикасноста на јадрената  мускулатур. Појасот ќе помогне во создавање на дополнителни интра-абдоминалнален притисок (IAP) и стабилизирање на торзото да се спречи свиткување на лумбалниот предел на 'рбет.

Кога и зошто да се користи тежински-сигурносен појас:
– Ако немате повреда на грбот, носењето појас не ви дава никаква преентивна безбедност.
– Ако се повредите, а носите појас, повредата е е погруба.
– За да се ослободите од појасот, мора да ја подобрите лошата техника.
– Ако сакате да кренете екстра уште неколку килограми,  тогаш носете тежински појас.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.