Вилијам Трубриџ е светски рекордер во слободно нуркање, и е првиот човек што некогаш ја пробил бариерата над 100 метри нуркање во длабочина без никакви додатни помагала.
Една од прекрасните изјави на Вилијам Трубриџ (17.10.2012):
Најмагичните моменти доаѓаат во најнеочекуваното време. Тоа може да се случи кога јас сум сам и лежам на 10 метри на песочното дно од морето, гледајќи ги малите рибчиња како доаѓаат и си одат, и тогаш сфаќам дека се чувствувам како да сум дома во таа средина: Апсолутно немам потреба да дишам или да се вратат на површината, и во тој момент јас сум дел од подводниот свет и неговите случувања.
Овие денови нуркам до 60 метри за наркозен тренинг (бесвесна состојба или бесчувственост), каде што застанувам во оваа длабочина за неколку минути пред да се вратам назад. За тоа време, чувствувам комплетна дифузија на моето тело во водата. Во овој момент се чувствува отсутство на било каков вид на стимули (вид, звук, тежина) во комбинација со забавување на мојата срцева фрекфенција и протокот на мислите, тоа значи дека во овој момент нема никаков вид на физичка информација. Јас не чувствувам, ниту пак размислувам, така што останува само чувството на свест. Јас постојам само како свест. Тоа е многу ослободувачко искуство.