УРДА – еден од најдобрите извори на протеини

 

Можеби ќе ви звучи чудно, но повеќето професионални бодибилдери ја сметаат  урдата за една од најдобрата храна за изградба на нивната мускулна маса. Еве  зошто!

Урдата ги содржи сите девет есенцијални амино киселинии поголем дел од не-есенцијалните амино киселини кои помагаат при формирањето на протеините.

Во 100 грама урда со 4% масти има околу 110 калории, 5 гр маст (3 гр заситени), 3 гр јаглехидрати, 14 гр протеини. Таа исто така содржи околу 500 мг натриум, 70 мг калциум и 20 мг холестерол.

Амино киселини: повеќе од 6 грама глутаминска киселина, и повеќе од 2 грама на двете леуцин и лизин, како и различни износи на другите амино киселини

Редовното консумирање на свежа урда помага да се обезбедат адекватни количини на амино киселини. Секоја амино киселина игра посебна улога во вашиот организам и, исто така, може да влијае на вашиот мозок. Затоа јас не препорачувам да се манипулира внесот на одредени амино киселини со користење на суплементации, но наместо тоа, советувам конзумирање на храна, како што се урда и сирење за да ги добиете сите амино киселини.

Иако урда е здрава храна која содржи амино киселини, како и други хранливи материи, јадењето премногу од некоја храна може да доведе до нерамнотежа на хранливите материи. За да се избегнат хранливите недостатоци, консумирајте урамнотежена исхрана која вклучува разновидна храна. 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.