Склековите од стој на раце, често се гледаат како спектакуларен трик за докажување на физичката спремност, всушност овие склекови придонесуваат голем број на фитнес придобивки. Кога се извршуваат како дел од редовната фитнес програма, вежбањето може да обезбеди подобрување на следните фитнес елементи:
СИЛА
Меѓу повеќето очигледни бенефиции од правењето склекови од стој на раце, е нивната вредност за јакнење на мускулите на горниот дел од телото. Двигателите на ова движење се градите, рамото и мускулите на рацете. Овие склекови ги активираат многу повеќе овие мускулни групи за разлика од стандардните склекови. Со склековите од стој на раце ќе се развиат големи рамениците, кои сега се сметаат за стандард на машката фигура.
БАЛАНС
Една од најзанемарените придобивки во фитнесот е токму балансот. Со редовно вежбање на склековите од стој на раце, извонредно ќе го подобрите балансот. Правењето склекови од стој на раце со потпрање на нозете на зид, нема да се го подобрат балансот како што ќе се подобри кога ќе правите склекови од стој на раце со нозете во слободен стој, без асистенција. Но сепак и со потпирање на нозете на зид, постој неверојатна активација на проприоцептивната функција на нервниот систем кој обезбедува рамнотежа.
СТАБИЛНОСТ ВО ЈАДРОТО
Силното јадро е популарна тема во фитнес индустријата. Склековите од стој на раце одлично ги зацврстуваат и ги стабилизираат мускулите на јадрото, без разлика дали сте почетни или професионалец. Можеби ви звучи неизводливо да направите склекови од стој на раце без никаква асистенција, но со редовно тренирање и методски добро поставени вежби кои го следат шаблонот од полесно кон потешко, сигурно ќе имате извонредни резултати.