Кој е тој протеин кој има индекс 1, а сите други се мерат со квалитет под таа бројка? Тоа е протеинот што го има во белката на јајцето. Во Германскиот јазик зборот ''Ei'' значи јајце, а зборот протеин исто така е ''Ei'' ,што говори дека кога ќе се спомне јајце, се мисли на најквалитетниот протеин на светот.
Истражување на The Nutrition Today прегледа анализи на повеќе од 25 протеински студии и заклучи дека сите природни, високо-квалитетни протеини во јајцата придонесуват за зголемување на силата, моќноста и енергијата.
►ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА
Протеините во јајцата обезбедуват стабилна и одржлива енергија, бидејќи не се создава зголемување на крвниот шеќер, а со тоа и инсулински нивоа, што може да доведе до контра ефект и губиток на енергија кога нивоата на шеќер ќе опаднат. Јајцата се богат извор на висококвалитетни протеини и обезбедуваат неколку важни Б витамини потребни за производство на енергија во телото, како тиамин, рибофлавин, фолна киселина, Б12 и Б6.
►МУСКУЛНА СИЛА
Протеини директно влијаат врз на мускулната маса, сила и функција кај луѓето од сите возрасти. Едно јајце обезбедува повеќе од шест грама високо квалитетни протеини (13% од дневните потреби), која може да помогне да се изгради и да се зачува мускулната маса, и да помогне на возрасни лица да спречат загуба на мускулната маса. Јајцата се исто така богати со леуцин, амино киселина која придонесува за способноста на мускулите да ја користат енергијата и помага при рехабилитација.
►ПРОТЕИН СО ЗЛАТЕН СТАНДАРД
Високо-квалитетниот протеин во јајцата ги има сите есенцијални амино киселини кои што му требаат на нашите тела за да изградат и одржуваат мускулната маса. Всушност, квалитетот на протеинот на јајцата е толку голем, што научниците често употребуваат јајца, како стандард за оценување на квалитетот на протеините на другата храна.
За да обезбедите високо-квалитетниот протеин, јајцата се достапни и наменети токму за тоа. Јајца чинат помалку од другите извори на високо-квалитетни белковини. Во просек од само 7 ден за јајце ќе добиете голем број на важни хранливи материи заедно со високо-квалитетниот протеин, вклучувајќи холин, рибофлавин и витамин Б12, а сето тоа има само 70 калории од јајце.