СОИН ЛЕЦИТИН за здрав мозок

Соевиот лецитин е мешавина на корисни состојки извадени од соја. Состојките кои се наоѓаат во лецитинот, се лесно вклопливи во добро балансирана исхрана, и имаат многу позитивни ефекти врз телото.

 

СВОЈСТВА

Лецитинот е мешавина од фосфолипиди кои се изолирани од соиното масло. Фосфолипидите се составени од диглицериди, фосфатна група составена од мали органски молекули. Овие својства се важни бидејќи овозможуваат да се формираат липидните двојни слоеви кои ги сочинуваат клеточните мембрани. 

 

ПРИДОБИВКИ

Соја лецитин не е отровна, евтина е и многу е корисна како здрав додаток во исхраната. Во идустријата се произведува како лубрикант и како емулгатор во производството на храна. Според ", Journal of Nutritional Science and Vitaminology", соединенија во соја лецитин инхибираат апсорпцијата на холестерол од исхраната.

Сепак, една неодамнешна студија во списанието "Nature" изjавува дека бактериите во цревата може да метаболизираат компоненти во рамките на соиниот лецитин и да се создадат одредени видови на кардиоваскуларни болести.

ЕФЕКТИ ВРЗ МОЗОКОТ

Многу тврдења се направени за влијанието на соиниот лецитин врз нервниот систем, како на пример лекувањето на Алцхајмерова болест и мултиплекс склерозата, но повеќето не се поткрепени со научни студии. Некои истражувања тврдат за придобивките од соиниот лецитин на меморија и когнитивната функција на мозокот, како на пример извештајот објавен во "Journal of Clinical Biochemistry and Nutrition. "

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.