ЦИМЕТ – здравствени придобивки

Долго време циметот е популарен зачин во готварството и пекарството. Истражувањата покажуваат дека и покрај тоа што е вкусен, тој е и многу здрав, исто така. Во прилог се неколку здравсвени придобивки кои што можете да ги извлечете од циметот: 

 

1. Го намалува холестеролот – истражувањата покажаа дела 1/2 лажичка цимет дневно, го намалува лошиот LDL холестерол.

 

2. Го регулира шеќерот во крвта – неколку студии покажаа дека циметот има минималeн ефект при намали шеќерот во крвта, со тоа што подолго се вари и дава чуство на ситост. Ова го прави многу погоден за луѓето со дијабетис од тип 2.

 

3. Спречува рак – во студија објавена од страна на истражувачите од Министерството за Земјоделие во Мариленд, САД, истакнуваат дека циметот ја намалува можноста за заболување од леукемија и од лимфом на клетките на ракот.

 

4. Антикоалогација – има способност да го спречи згрутчувањето на крвта.

 

5. Го олеснува артритисот – една студија извшена од страна на Универзитетот во Копенхаген било докажно дека на пациените на кои им било давано половина лажичка цимет во прав, комбинирано со 1 лажица мед секое утро пред појадок, имале значително намалување на артритисот. Пациентите за помалку од 1 месец можеле да одат без болки.

 

6. Антибактериско дејство – кога се додава на храната го спречува и намалува создавањето на бактерии и расипувањето на храната, со што го прави природен конзерванс.

 

7. Здравје на мозокот – во една студија е докажано дека мирисот на циметот ја зголемува конгитивната функција и помнењето.

 

8. Богат е со хранливи состојки – циметот е одличен извор на манган, растителни влакна, железо и калциум.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.