Зеленчукот треба да се јаде суров. Доколку неможете да го јадете во таква состојба, подгответе го при што процесот на подготовка да биде мошне едноставен и да одзема сосем малку време.
Најдобро е зеленчукот да се вари неколку минути на тивок оган, со мала количина вода (само неколку лажици), без да се додава масло. Со таквиот начин на подготовка, во зеленчукот се чуваат соковите со сите полезни минерални материи.
Доколку зеленчукот се вари во голема количина вода, тогаш минералните материи ќе се пренесат во водата. Ако сепак го варите зеленчукот во водата, тогаш искористете ја истата вода за да направите супа.
Масло на зеленчукот му се додава кога веќе е подготвен, односно пред самото послужување.
Посолувањето на зеленчукот приварењето, исто така, е лоша навика. Доколку не можете да го јадете зеленчукот несолен, употребувајте само морска сол, никако рафинирана сол, и тоа тогаш кога ќе го послужите јадењето.