Како да се ослободите од мускуклното воспаление

Кога физички ќе се оптоварите, особено кога ќе направите напорен тренинг, доследно на тоа  ќе се појави  болка, односно, мускулно воспаление  кое се појавува 24 до 48 часа по вашата активност и може да трае највеќе до 96 часа. Појавата на мускулното воспаление е нормална физиолошка реакција, и фитнес експертите велат дека тоа е добра работа. Тоа покажува дека вашите мускули се зголемуваат. Но, за некои, појавата на мускулно воспаление е непријатна и може да биде сериозна.

Кога тренирате, особено  кога ги третирате вашите мускули со надворешен отпор – кревање товар, вие  всушност создавање повреда на мускулите. Вашата мускулна контракции ги оштетува  саркомерите во мускулите. Оваа повреда резултира со болка, и во повеќето случаи, вашето тело почнува да се лекува.

Еве Како да се ослободите од мускуклното воспаление:

 

Работи кои требада ги направите пред тренинг

         –          Хидрирајте се соодветно – внесете доволна количина на вода

         –          Јадете правилно пред вашиот тренинг

         –          Наспијте се доволно претходната ноќ

 

Работи кои треба да ги направите за време на тренинг

          –          Загрејте се соодветно

          –          Контролирајте го интензитетот – внимавајте на претренираност

          –          Исхрана за време на тренинг

          –          Олабавете се на крајот од тренингот

          –          масирајте се со сунгерест ролер

 

Работи кои требада ги направите после тренинг

          –          Јадете соодветно после тренинг

          –          Пијте чоколадно млеко после тренинг

         –          Внесете доволна количина на протеини

         –          Земете доволно витамини и минерали – ЗМА

         –          Терапија со ладна вода за побрзо закрепнување 

         –          Направете Спортска масажа

         –           Вежбајте јога

 

          Едноставно кажано, мускулното воспаление не може да се избегне, но затоа може да се убрза процесот на закрепнување доколку соодветно постапувате кон начинот на тренирање. 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.