Што е тоа целулит?
Целулитот е термин кој го опишува згрутчениот изглед на кожата кој е честа појава на нозете и задникот кај многу жени. Причината за кожата да изгледа згрутчено е затоа што постојат складирани масти кои го протуркаат сврзното ткиво веднаш под површината на кожата.
Кој добива целулит?
Еден од најчестите митови е дека само дебелите жени добиваат целулит. Во реалноста, сепак, многу слаби жени исто така имаат целулит. Целулит може да се појави и кај мажите, но најчесто се појавува кај жените, бидејќи, имаат повисок процент на телесни масти, кој се складираат претежно во долниот дел на телото. Има покрупни дебели жени кои се со прекумерна тежина и имаат многу мазни нозе и немаат проблем со целулит, додека има и, послаби жени кои имаат прилично сериозен проблем со целулитот. Целулитот апсолутно не прави разлика!
Зошто се појавува целулит?
Постојат неколку фактори кои можат да бидат одговорни за тоа зошто имате целулит. Тоа се: Полот, генетските предиспозиции, расата, телесниот состав (колку масти има на вашето тело), возраста, циркулацијата, хормоните, дебелината на кожата, како и што јадете, колку сте активни и колку вода пиете.
Еве како да ја вратeте вашата самодоверба и да се ослободете од целулитот на природен начин. Природни начини за лекување на целулит.