Вистината е, дека неморате да дигате тешко ако се обидувате да изградите мускулна маса. Всушност, според "the National Strength and Conditioning Association" од САД, ако сте почетник треба да дигате тегови од 8 – 12 повторувања.
Ако сте понапреден бодибилдер, тогаш кревањето од 6 – 12 повторувања е за градење на мускулна маса. Се што е под 6 повторувања е за сила, а се што е над 12 повторувања е за издржливост.
1.) Првиот чекор до успех е да кревате 8-12 повторувања за да изградите мускулна маса.
2.) Вториот чекор за успех е времето на напор.
Што е тоа ВРЕМЕ НА НАПОР?
– Време на напор е количината на време за изведување на целиот сет. На пример, ако правите 10 повторувања на бенч преса и ако за сите тие повторувања Ви требале 30 секунди, Вашето време на напор е 30 секунди.
Почетниците кои што се слаби и имаат мал процент на мускулна маса, најчесто се обидуваат да креваат премногу тешко, додека се во лоша форма и се неспремни, по неколку месеци тие пак ќе изгледаат слабо. За да изградите вистински мускули, намалете ја тежината и бидете сигурни дека времето на напор Ви е од 40- 60 секунди. Истражувањето извршено во "Eastern Carolina University" доведе до заклучок дека кревачите на тегови кои ја намалиле тежината со која што претходно тренирале, а го сголемиле своето време на напор, ја зголемиле силата на мускулите за 46% за само 1 недела.
ШТО МОЖЕМЕ ДА ЗАКЛУЧИМЕ?
Тајната на успехот за градење мускулна маса не е кревањето на најмногу што можете, наместо тоа, Вие треба да се фокусирате на бројот на повторувања од 8-12 и време на напор од 40-60 секунди. Откако ќе почнете да ја применувате оваа техника, ќе забележите голем напредок во силата и обемот на мускулите.