Зелен, црн или бел чај?

Сите 3 врсти на чај се произведени од растението наречено Camellia sinensis. Илјадниците вариации на чајот достапни низ светот зависат од регионот во кој е растен, времето од годината кога е набран и методот на обработка. Овие 3 чаја доаѓаат најчесто од Кина и Јапонија.

Секој вид од овие чаеви има свои карактеристики како различен вкус, различни здравствени придобивки, па дури и различно количество на кофеин.

БЕЛ ЧАЈ

Белиот чај е најчист и е најмалку  обработен од сите чаеви. Листовите на чајот содржат многу малку кофеин, скоро и да немаат и имаат светла боја и лесен вкус. Белиот чај содржи повеќе антиоксиданси од зелениот чај и е многу добар за кожата.

 

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Зелениот чај е најпопуларниот вид на чај, највеќе поради тоа што е најкористен чајво Азија, па како таков е прифатен и во светот. Понекогаш листовите зелен чај се мешаат со други овошни чаеви за да се добијат разни вариации. Овој чај содржи само 5-10% кофеин од количината на чаша кафе. Зелениот чај содржи здрави антиоксиданси. Тие помагаат во контролирање на нивоата на холестеролот, како и за здравјето на кожата и забите. Исто така зелениот чај се вклучува во скоро сите диети бидејќи помага во одржување на нормално ниво на шеќерот во крвта.

 

ЦРН ЧАЈ

Црниот чај е целосно ферментиран и содржи одприлика 20% кофеин од количината на чаша кафе. Црниот чај помага во контролирање на нивоата на холестеролот во границата на нормалата. Притоа помага во одржување на здравата кардиоваскуларна функција и здравиот систем на циркулација.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.