Како што старееме, така стануваме се поподложни на најразлични повреди. Факт е дека коските и мускулите со текот на годините се трошат, односно атрофираат, па така да лесно може да дојде до скршеница или истегнат мускул и при најмало невнимание. После 32 година мажот на секои 10 години губи 3% од својата мускулна маса.
Здравиот животен стил може да ја спречи непријатната старост, како што се неподвижноста и разните болести. Фитнесот со лесни тежини и лесно кардио можат да ги заштитат мускулките, коските, лигаментите и тетивите.
СО ВЕЖБАЊЕ ДО ГУСТИ КОСКИ И МУСКУЛИ
Вежбањето придонесува до поголемата подвижност и флексибилност на целото тело, а исто така се подобрува и циркулацијата на крвта. Ова е особено вежно дека доволно крв добиваат лигаментите, тетивите и зглобовите, бидејќи претставува главен фактор за густа маса на коските. Со тоа се спречува остеопорозата.
Овој факт е особено вежен за женската популација, бидејќи е посклона да губи маса во коските како што старее.
Вежбањето со сопствената тежина или со лесни тежини е многу важно за зголемувањето и зацврстувањето на мускулатурата заради непречено одвивање на секојдневните активности. Болките во грбот и кичмата се дирекно поврзани со ослабената мускулатура во јадрениот дел и поради тоа коските и нервите се потискаат и се јавуваат големи болки.
НЕМА СТАРОСНА ГРАНИЦА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО ВЕЖБАЊЕ ИЛИ ПРЕКИНУВАЊЕ, ТОА Е НЕШТО ШТО СЕ ПРАВИ ЦЕЛ ЖИВОТ.