Активниот одмор може да се дефинира како полесен трениниг или тренинг со понизок интензитет во споредба со вашиот секојдневен тренинг. Обично ваков вид на тренинг се изведува во слободно време. Доколку тренирате напорно 4-5 пати во неделата, тогаш останатите 2-3 деови немора да се излежувате по цел ден, едноставно направете полесен тренинг. На пример, Направете краток кардио тренинг, истегнување, пешачење, прошетка во природа, масажа [1],[2],[3] итн.
Сите ние , по некогаш се чуствуваме изнемоштено и преморено од секојдневните обврски или од напорната работа и тренинзи. Кога сме во ваква состојба, односно се чуствувате изморени, тогаш нашата концентрација и воља оопаѓаат, а кога концентрацијата и воњата се на пониско ниво тогаш автоматски сме изложени на повреди поради нашата невнимателност и намален фокус на правилната изведба и форма на вежбите.
Активниот одмор е вистинскиот избор, доколку ги чуствувате вашите мускули крути, воспалени или преморени.
Причината за недостаток на воља за тренинг може да биде потикната од следниве фактори:
Недостаток на време? ; Недостаток на енергија? ; Недостаток на мотивација?; или Недостаток на информација?. За да добиете одговор на овие прашања стиснете овде