Кога се работи за избегнување на грипот, докторите велат дека вакцинацијата дава најголема заштита, но не е гаранција.
Експертите велат дека оваа година вакцината е 65% ефикасна.
Така, многу луѓе од северот на Тексас бараат други начини како да го зајакнат имунолошкиот систем и велат дека вежбањето е тајното оружје. Докторите велат дека има голема поврзаност помеѓу вежбањето и доброто здравје.
Независно дали е грип или дијабетес физичката активност е добра работа. Вашиот имунолошки систем треба да ги победи вирусите на грипот и на дијабетесот, па одржувајќи се во добра форма ќе Ви помогне да ги победите болестите.
Неколку студии покажале дека умереното вежбање откако ќе добиете грип ја подобрува ефикасноста на вакцината. Вежбањето не подразбира дека треба да бидете олимпиец, доволно е само пешачење.
Не се плашете да излезете овие студени зимски денови, бидејќи пешачејќи вашиот организам се загрева, крвта побргу циркулира во Вашето тело , со што си помагате во секојдневната борба на вашиот имунолошки систем