Јадењето чоколадо најчесто може да биде причина за оптоварување на сите нас со вина. Но тоа немор да биде така ако го направите правиот избор за чоколадо. Неодамнешните научни истражувања ни кажуваат дека чоколадата е богата со антиоксиданти наречени флавоноли.
Овие анти-оксиданти ги штитат нашите артерии, жлездите на простатата, го намалуваат воспалението и ги зголемуваат сензациите на благосостојба. Истите флавоноли се наоѓаат во зелениот чај и во одредени видови на шумски плодови.
Правилник за правилно користење на чоколадо
Се разбира, треба да се следат некои правила при изборот на правото чоколадо за вас. Еве неколку правила кои ќе ја отргнат вината дека јадете премногу чоколадо:
Правило Бр.1: Што е потемно чоколадото, толку е подобро. Барајте бренд кој предвидува најмалку 70% какао. Повеќето луѓе сметаат дека брендовите кои содржат 85% какао се премногу горчливи за јадење.
Правило Бр 2: Прочитајте ја внимателно содржината на чоколадото! Внимавајте на состојките како што се фруктозен сируп и хидрогенизирани масти. Овие состојки ги намалуваат здравствените придобивки од чоколадото.
Правило Бр 3: Не јадете чоколадо во комбинација со млеко. Пиењетo цела чаша млеко додека јадете чоколада е доволно да ја блокира апсорпцијата на сите анти-оксиданти. Инхибицијата се случува поради големата содржина на масти во мелкото.
Правило Бр 4: Конзумирајте мала количина. Држете се до порции од околу 15-30 грама во еден момент, една порција дневно.
Правило Бр 5: Бидете физички по активни. Доколку си дозволите поголема порција или 2 порции од чоколадни закуски во текот на денот, неизбежно е да направите тренинг.
Уживајте!