Body Mass Index (BMI) или индекс на телесна маса е алатка која ќе Ви помогне да го измерите нивото на телесни масти во телото преку одредување на Вашата висина и тежина. Таа се одредува многу лесно, само измерете се колку сте моментално тешки и високи и пресметајте со помош на табелата.
Иако индексот на телесна маса е скоро секогаш точен, тој претставува само 1 алатка за да го потврдите Вашиот здравствен статус. Неопходно е да извршите и други мерења како: крвен притисок, проверка на работата на срцето, физичката неактивност и дебелината во пределот на стомакот.
Многу е важно да знаете дека BMI не прави разлика помеѓу мускулната маса и масата од мастите. Така да ако некој бодибилдер има поголема тежина во однос на висината, BMI можеби ќе покаже дека тој е дебел, а сепак тој има само поголем состав на мускулна маса во телото.