Пет минути медитација

Секој може да медитира, па дури и кога немате време можете да одвоите пет минути. Медитацијата е позната од неодамна по нејзините придобивки за зголемување на свеста, за подобрување на фокусот на нашите мисли, подобрување на креативноста и за појасното размислување. Медитацијата  е исто така докажан метод за намалување на стресот и промовирање на релаксација. Додека медитација може да изгледа мистериозно и таинствена, секој може да се обиде да го стори тоа.

Следниот пат кога ќе се најдете некоја непосакувана ситуација, обидете се да ја изведите оваа лесна медитативна техника.

 

5 МИНУТНА ТЕХНИКА ЗА МЕДИТАЦИЈА

Опуштете го вашиот поглед и сконцентрирајте се на некој мал предмет од просторот околу вас. Ако ситуацијата дозволува, затворете ги очите. Насочете го вашето внимание на успорување  на вашиот здив. Дозволете му на вдишувањето и издишувањето да биде изведено течно и без напор преку вашите ноздри. Слушнете го звукот кои произлегува од дишењето , и почуствувајтего воздухот како  патува низ ноздрите, во белите дробови. Кога ќе се појават мисли или фрустрација, нетрпеливост п, или било каков проток на мисли во вашата глава, едноставно вратете ја концентрацијата на вашиот здив и не продолжувајте да талкате заедно со мислите.

Обидете се да ја изведете оваа техника во секое време – на вашето работно место, пред спиење, или додека седите во чекалница. И наскоро ќе почнете да чуствувате смиреност и релаксација.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.