Вашата исхрана е одлична, имате полн орман со додатоци, и не сте пропуштиле ниту еден тренинг во претходните 6 месени. Но сеуште го немате телото коешто го посакувате. Ова е вообичаена дилема. Постои тенденција да се обвини генетиката или да ги гледате кориците од магазините и да си мислите дека тие луѓе од сликите користат нешто што не е достапно на пазарот. Но воглавно постојат 4 разумни причини зошто го немате прогресот што го посакувате.
Во лоша врска сте/односи
Лошите врски/односи водат кон стрес, а постојат само неколку работи полоши за Вашето тело од стресот. Ова се однесува на нешто повеќе од романтична врска. Арогантни родители, навредлив газда, лоши соработници, пријатели и познанства, можат да доведат до стресен систем и да бидат причина за таложење на мастите, особено во пределот на стомакот.
Прекинувањето на лошите врски, односи, може да биде тешко – понекогаш и не е можно. Прилично сте заглавени со родителите, а доколку не ја смените работата, газдата и соработниците нема сами да си одат. Но направете напор да прекинете со повеќето „токсични“ луѓе во Вашиот живот, а со тоа ќе бидете и посреќни и поздрави.
Вашиот организам не поднесува секаква храна
Ова е навистина тежок проблем. Јадете се што треба – јајца, чисто месо, житарки од цело зрно ослободени од глутен, овошје, зеленчук – но сеуште не можете да ги изгубите тие последни 5 килограми.
Можно е да имате скриена верзија на алергија на храна: неподносливост кон храна. Ваквата нетолерантност предизвикува воспаление на телото. Тоа не е класична реакција на алергија со отечени дишни патишта и слично, туку тоа е воспаление од низок степен што го спречува вашиот организам да работи нормално.
Доколку вашиот систем не функционира правилно, губењето на мастите е најмалиот Ваш проблем. Јајцата, сојата, житарките и млечните производи и производите како што се семките, сончогледот, оревите и слично, се „Големите Пет“ кога се работи за неподносливост кон храна, но Вие може да бидете нетолерантни кон се, од лук до магдоносот, од ананас до модри патлиџани. Колку повеќе јадете одредена храна (а луѓето имаат тенденција да јадат едно исто кога се работи за диети за слабеење) толку повеќе вашето тело ќе стане нетолерантно кон истото. Тестирањата за нетолеранција кон храната, кои се изведуваат преку испитување на крвта, и елиминирање на делови од исхраната би можело да ја одреди храната која Ви пречи. Елиминирајќи ја оваа храна ќе биде поволно за напредување на Вашиот програм за вежбање.
Вие сте загадени
Еколошките токсини – загадување, чадот од цигарите, козметиката, метално чувство во устата, лекарства и жива во рибите – се складирани во ќелиите на мастите и имаат потенцијал да го наруши Вашиот организам.
Бидејќи Вашето тело е паметно, не ги користи тие масни ќелии за гориво. Доколку се случува обратното и се искористат загадените ќелии тие токсини ќе влезат во крвотокот. Токму поради тоа што не се користат истите, токсините не можат да Ви наштетат.
Како да се ослободиме од овие несакани гости, да бидеме помалку токсични и да се откачиме и од последните масни наслаги? Можете да ги земете мерењата рангирани од инфрацрвените сауни, детоксификација на стапалата во бања, терапија за отстранување на тешките метали од телото. Овие методи ќе ви помогнат да ги отстраните металите и токсините од телото.
Ваквите мерките можат да бидат далеку по драматични во зависност од потеклото на токсините. Консултирајте се со специјалист пред да преземете било што, за да Ви одреди што, доколку треба, е подобро за Вас.
Не работите доволно
Тоа што доследно вежбате не значи дека го вадите максимумот од тренинзите. Повеќето луѓе не сфаќаат колку се издржливи нивните тела. Дали лежерно работите на кардио машината додека си читате магазин или зборувате на телефон? Дали продолжувате со исто темпо на вежбање и по адаптирањето на Вашето тело на таа вежба?
Доколку е така погледнете ги останатите луѓе во вежбалната кои имаат подобри резултати од Вашите. Најверојатно тие се форсираат самите себе, работат со забрзано темпо, и константно вежбаат со нови режими на вежбање. Ова се причините поради кои овие луѓе имаат подобро оформено тело од Вас.
Не е грешка или ген, тие се препотуваат, а можете и Вие.