Човечкото тело е создадено да се движи. Движењето е суштината поради која ние сме живи. Доколку го занемарите вашето движење и не го користите доволно во вашето секојдневие, тоа ќе ве напушти многу побрзо отколку што очекувате.
Бидете свесни за вашето движење, започнете да го користите вашето тело, тренирајте и забавувајте се преку изучување на природата, тоа ќе ве направи многу посилни и поздрави…
Во природата се среќаваме многу елементи на движење: Одење, Трчање, Качување, Скокање, Фрлање, Влечење, туркање итн. Сите овие елементи на движење, ве прават да бидете посилни, постабилни, да бидете свесни за вашето постоење или едноставно овие движења прават повторно да ја почуствувате животната енергија – ВАШИОТ ЖИВОТ.