Овошните сокови НЕ СЕ замена за вистинското овошје

Многубројните реклами кои ги промовираат овошните сокови дека се здрави и полни со корисни состојки за Вас и кои се одлична замена за овошјето е чиста лага. Главна сосојка на овие индустриско произведени сокови е шеќерот. Количината на шеќер е еднаква како и во газираните сокови.

Научници од Северен Велс дошле до заклучок дека дебелите луѓе, преку пијалоците ги зајакнале врските за слаткиот вкус. Овие сокови воопшто не се диететски и треба веднаш да се исфрлат од менито.

Шеќерот, односно слаткиот вкус е како дрога! Колку повеќе благо внесуваме, тоа доведува до промена на рецепторите за вкус и на перцепцијата на тоа што е всушност слатко. Како што рецепторите за вкус изумираат, така потребен ни е се повеќе шеќер за да ја доживеме храната како слатка. Токму ова води кон зголемување на бројот на дебелите луѓе, како и на оние кои заболуваат од дијабетес од тип 2.

 

Водата или природно цедените сокови се одличен извор на вода која му е потребна на организмот заради хидратација и детоксикација.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.