Разликата помеѓу свежата и зготвената храна

ЕНЗИМИ: Тие се истовремено малата но огромната разлика помеѓу суровата и обработената храна.

Виртуелно гледано, сите хронични болести се предизвикани или влошени од страна на дигестивните проблеми. Ова е докажано од страна на најтемелното истражување извршено од Комитетот за Нутриционизам и Човечки Потреби на САД. Просечниот човек е самиот одговорен за развојот на: срцевите болести, артеросклерозата, ракот, диабетисот итн.

Работата на дигестивниот систем е "алхемичарски" да ја претворат храната што ја јадеме во суштинска форма за да се искористи од страна на мускулите, крвта, како енергија,мисли, чувства… Сето тоа со помош и од плунковните жлезди, панкреасот,  црниот дроб и најважно од сите е СУРОВАТА ХРАНА. Токму таа ги обезбедува ЕНЗИМИТЕ.

Ензимите се деликатни машини.

 

"Делеикатни" бидејќи тие се уништени на температура над 47* целзиусови, а некои дури и на 40 степени.Ова значи дека тие неможат да преживеат дури ни готвеже на лесна пареа.
"Машини" бидејќи тие се моќни биохемиски катализатори. Тие го забрзуваат процесот на разложувањето или градење, реакции кое што елото постојано ги извршува со цел да преживее. Ензимите всушност се специјализирани протеини со комплицирани имиња кои завршуваат на -аза.

3 основни дигестивни ензими се:

– Протаза – дигестирање на протеините, се лачи од панкреасот.
– Липаза – дигестирање на мастите, се лачи од црниот дроб.
– Амилаза – дигестирање на јаглехидратите, вклучувајќи ги и шеќерите. Се лачи од плунковите жлезди, па затоа јаглехидратите започнуваат да се разложуваат уште во устата. Колку пати лебот што го џвакате добил благ вкус (се разложил во шеќери).

Тестирани се стаорци кои што биле хранети 135 денови со 80% готвена храна, а други со сурова свежа храна. Стаорците хранети со готвена храна имале 20 – 30% зголемена тежина на панкреасот. Тоа значи дека панкреасот е принуден да работи напорно со цел да се разложи целосно зготвената храна.

Наскоро следува комплетно објаснување на функцијата на ензимите.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.