За да имате цврсти и убави стомачни, морате малку да се помачите. Првично ќе морате да се ослободите од вишокот масти на стомакот (кардио тренинг) и да ги изградите вашите стомачни мускули (тренинг за сила) за да имате видливи и дефинирани стомачни мускули. Овие две работи морате да ги комбинирате ако сакате да ги добиете резултатите што ги посакувате. Доколку ги тренирате само стомачните мускули и правите тренинг за сила, без да правите кардио тренинг за губење на масти, вие ќе имате стомачни скриени под резервната гума. Доколку пак правите само кардио тренинг, без да изведувате вежби за сила и градење на мускулите, вие нема да имате дефиниција, ќе имате само рамен стомак со благо изразени стомачни мускули. Затоа е потребно да ги тренирате стомачните и да правите кардио тренинг за да добиете убави стомачни мускули за што е можно пократко време.
Најбрзиот начин за да се ослободите од вишокот масти околу вашиот стомак е да вклучите кардиоваскуларни вежби со висок-интензитет. Најлесен начин да го направите ова е со користење на лента за трчање, точак , орбитрек или едноставно со едне пар чевли да излезете надвор на трчање.
За да ги изградите вашите стомачни мускули да изгледаат убаво и симетрично, морате да ги тренирате сите делови од стомакот. Еве ви неколку вежби кои комплетно ке го активираат сите ваши стомачни мускули. Види овде.