Звучи неверојатно, но вистинито е – блендираната храна ќе Ви помогне да изгубите некое кило повеќе и да дојдете до Вашата посакувана фигура.
КОЈА Е ТАЈНАТА НА БЛЕНДЕРОТ?
Блендерот нема никаква тајна, тој само има моќни сечила кои ја дробат храната и ја претвораат во ситно исецкана, или пак овошјето со додавање на малку вода, млеко или јогурт го претватаат во вкусен напиток.
Но каде е тука трикот? – Трикот е во тоа што течната храна се апсорбира многу поспоро од страна на нашиот дигестивен систем. Тука се поставува прашањето "Дали ако јадам супа или некоја храна во комбинација со некој напиток ќе го има истиот ефект?". – Одговорот е негативен! Тоа е така бидејќи во стомакот таа храна се третира како различна, односно како пример ќе го земам јајцето кое има белка и жолчка (сите знаеме дека можеме многу лесно да ги одвоиме). Така се случува и во желудникот, најпрво се апсорбираат течностите и со тоа се намалува волуменот на желудникот, а потоа останатата храна лесно се вари и многу брзо се добива чуство на повторен глад.
Кај блендираната храна го немаме тоа, таа е толку ситно сомелена, што во желудникот е хомогена маса и се третира како цела, како пример ќе ги земам матените јајца (тие веќе неможат да се одвојат на белка и жолчка).
Тука течноста и сувата маса се едно и организмот води мака за да ги апсорбира, а сето тоа се одвива пополека, волуменот на желудникот останува голем, а центарот за глад Ви кажува дека сте сити подолго време.
Блендерот ќе Ви помогне да ги намалите бројот на оброци што ќе ги имате во текот на денот, а за да внесувате помалку калории со шејковите, користете вода наместо млеко, јогурт или сок.