Луѓето најчесто ги лупат повеќето овошја и зеленчуци, а потоа лушпата ја фрлаат како отпадок сметајќи ја за нус производ. Но всушност тие фрлаат богатство на хранливи и здравствени придобивки кои се наоѓаат во овие лушпи. Витамини, минерали, растителни влакна се само дел од работите кои не ги искористувате во Ваша полза.
Лушпа од портокал
Лушпата од портокалот содржи всушност 4 пати повеќе растителни влакна од самата сочна внатрешност на целиот портокал. Лушпата исто така е полна со флавоноиди кои се познати борци против ракот. Д-лимонене е уште една состојка која ја има во портокаловата лушпа, а е докажана во борба против штетните УВ зраци и го намалува ризикот од рак на кожата.
Проблемот е тоа што кората од портокалот е горчлива и не е вкусна за јадење. За да можете да ја конзумирате лушпата изрендајте ја врз некоја салата и уживајте. Исто така кората од портокалот можете рендана да ја користите во некој сладок рецепет (пр. торта).
Јаболкова лушпа
Лушпата од јаболкото содржи 87% повеќе фитохеникалии кои се борат со ракот одколку месниот дел од јаболкото. Јаболкото за разлика од портокалот и кивата, содржи повкусна лушпа па затоа нема оправдување да се избегнува нејзиното конзумирање.
Лушпа од краставица
Краставицата е одлична ужина помеѓу оброците – но со лушпа се разбира. Таа содржи силица која што претставува хемикалија која помага во изградба на колaгенот (сврзно ткиво за затегната кожа и мускули).
Кора од лубеница
За среќа надворешната зелена и тврда кора од лубеницата не ги содржи хранливите состојки, туку здравствените бенифиции се наоѓаат во белиот дел помеѓу црвениот и злениот дел на лубеницата. Секогаш откако ќе го изедете црвениот дел, јадете го и белиот бидејќи во него се содржи аминокиселината цитрулин. Оваа аминокиселина помага во опуштање и зголемување на крвните садови со што овозможува одлична циркулација и повеќе крв ќе проструи низ телото.
Лушпа од кива
Доколку до сега немате пробано лушпа од кива, сега е вистинското време за тоа. Влакнестата обвивка се бори активно со инфекции од типот на Ешерихија Коли и Стафилококус. Наместо да ја јадете лушпата, ставете ја целата кива во блендер и направете си смути.
Лушпа од банана
Таа нуди многу здравствени придобивки. Лушпата од банана содржи Б6 и Б12, магнезиум и калиум. Лушпата исто така содржи повеќе влакна од месниот дел на бананата. Друга придобивка е фактот што содржи трипофан, кој што ги зголемува нивоата на серотонин. Истражувањата покажале дека значително се подобрува расположението, а со тоа се намалува ризикот од депресија и нуди стабилизирачко ниво од нагла промена на расположението.
Доколку не сте доволно храбри да изедете сурова кора од банана, можете да ја зовриете неколку минути и потоа да ја изблендате како додаток во Вашето смути.