Еритроцитите се црвените крвни клетки. Тие се едни од формативните елементи на крвта, покрај леукоцитите и тромбоцитите. Еритроцитите имаат форма двојно вдлабнат диск, со должина од 7- 8 микрони и ширина 2 микрони.
Слабокрвност или анемија е состојба каде што во крвта нема доволно црени крвни клетки (еритроцити) за да го носат кислородот до Вашите клетки. Анемичноста често прави да се чуствувате исцрпени и омалаксани. Постојат многу форми на анемија кои можат да бидат привремени или долготрајни, а может да варираат од блага форма до тешка.