ДЕКСТРОЗА – најбрз извор на енергија
Декстрозата спаѓа вогрупата на јаглехидратите, кои се најважни во споредба со протеините и мастите. Таа е најважниот "прост шеќер" и е попозната како "гроздов шеќер", односно "гликоза". Се наоѓа во сите благи овошја и во медот. Може да се добие и од некои скробни растенија како пченката, која треба да се подели на своите основни компоненти со помош на ензими.