Коскената срж е сунѓересто ткиво со кое се исполнети шуплините во коските. Таа е фабрика на крвни зрнца. Таа испушта крвни зрнца во крвотокот кога тие ќе се развијат и кога телото има посебна потреба за нив. Во здраво тело, коскената срж ги создава повеќето од трите вида на крвни зрнца.