5 едноставни начини за управување со стресот

Но добрите вести се дека, иако стресот доаѓа од внатре, од нас самите, постојат чекори кои помагаат при управувањето со стресот. Кога ќе осетите дека целиот свет ви натежнал, овие 5 препораки ќе ви помогнат да се опуштите, да го најдете на внатрешниот мир и да го подобрат Вашето здравје.

Додека, некои препораки од следниве 5 се лесно изводливи, за останатите ќе Ви треба додатно планирање.

Препорака 1: заменете го кафето со зелен чај

И двата производа содржат кофеин (кој дозволува испуштање на кортисол), но зелениот чај ја содржи и амино киселината теанин (theanine), кој е предводник на смирувачкиот неуро-трансмитер, GABA. Со други зборови, не само што ќе имате намалена енергија, туку што ќе имате зголемен смирувачки ефект ако пиете зелен чај наместо кафе.

Препорака 2: дишете длабоко

Дишејќи длабоко, 10 пати по ред, помага во стимулирање на нервите кои се поврзани со центарот за мир во Вашиот мозок. Дишејќи длабоко, 10 пати во интервал од 4 до 5 секунди, задржете го здивот некои 4 до 8 секунди и потоа издишете во интервал од 5 до 10 секунди, може да го стимулира нервот и да предизвика смирувачки ефект.

Препорака 3: вежбајте постојано

Вежбањето помага и при контрола на воспалението настанато од стресот, и помага за подобрување на рецепторите на ќелиите за инсулин и лептин. Вежбањето помага и за согорување на сите вишок масни киселини ослободени од ослободувањето на кортисолот. Доколку не можете целосно да вежбате додека сте под стрес,и пешачењето помага за согорување на енергијата и разбистрување на умот.

Препорака 4: подгответе се со здрава исхрана

Најлесен начин за контрола на шеќерот во крвта, особено ако сте под голем стрес, е да имате спремно здрави оброци кои можете да ги земете во тој момент. На тој начин помагате да се прекине циклусот помеѓу инсулинот и кортисолот и помагате во регулирање на мозочните неуро-трансмитери. Со контролирање на овие неуро-трансмитери му овозможувате на Вашето тело подобро да се справува со стресот на долги стази. Месото и храната богата со протеини му помагаат на телото да создаде подлога од неуро-трансмитери од допамин и ацетилхолин (внимание и фокус), додека здрав извор на јаглехидрати, како што се овошјата, зеленчуците и благите компири, помагаат за создавање на серотин кој има смирувачки ефект.

Препорака 5: започнете дневник за „благодарност“

Поновите истражувања покажале позитивен резултат кога се почнува со водење на дневник. Водењето дневник за благодарност е многу лесно и едноставно бара, секој ден, да запишете по 5 работи на кои сте благодарни. На тој начин, си дозволувате да се фокусирате на позитивните работи во Вашиот живот, што пак помага во намалување на стресот. Можете да започнете со  работи како што се на пример Вашето здравје, можноста да гледате, Вашата фамилија, покрив над главата, можноста дека сте пристапиле кон оваа статија wink, и се останато што ќе ви текне. Пробајте да не ги повторувате работите две недели и ќе видите дека Ви оди многу добро!

И на самиот крај, горе наведените работи се само 5 препораки кои би Ви помогнале за намалување на стресот, но сепак најважното од се е да најдете нешто кое ќе ви помогне да се релаксирате и да го контролирате Вашиот стрес.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.