Останете во топ-форма, пливајте преку целото лето

Пливањето е добар начин за да се одржи телесната тежина и да се согорат неколку калории. Оваа активност делува доста освежително во топлите летни периоди и го подобрува здравјето на срцето, и е  особено корисно за оние кои имаат проблеми со зглобовите.

Да се плива 4-5 пати во неделата е од суштинско значење за одржување на вашата физичка форма и кондиција. Кардио тренингот како пливање согорува калории, и ви помага да се ослободите од вишокот на масно ткиво. На пример, една возрасна личност со околу 80 киограми телесна тежина, може да се согори околу 511 калории за еден час пливање. За почеток, можете да се стремите да пливаат најмалку два и пол часа секоја недела, и постепено со текот на времето  да ја зголемувате вашата брзина за да го предизвикате вашето тело да согорува повеќе калории.

Извршувањето на редовни аеробни вежби ги подобруваат здравјето и функцијата на срцето. Пливањето го зголемува бројот на  отчукувањата на срцето при пливање и вклучува големи мускулни групи од вашето тело. Затао пливањето се смета за  добара умерено-интензивна активност за кардиоваскуларното здравје.

Плиањето е одлично за зајакнување на вашите мускули. Движењето во вода Ви обезбедува природен отпор, па затоа влечењето и отурнувањето на водата по далеку од вашето тело додека пливате, одлично ги активира мусклите на горниот дел од телото. Пливање има ниска стапка на повреди, а тоа ќе ве натера да се чуствувате убаво и безедно.

Додека пливате, можете да ги контролирате брзината и интензитетот на вашето вежбање во зависност од вашите потреби и вашата целт.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.