Поголеми мускули со многу повторувања

Општо познато е дека растот на мускулите се постигнува со минимални повторувања користејќи максимални тежини, но дали може да се направи спротивното, да се изгради мускулна маса со голем број на повторувања?

За мускулот да порасне најпрво мора да се симулира растот со оптоварување на мускулите со добар отпор, тоа не е дискутабилно, а потоа треба да се внесат правилните хранливи состојки за да се опорави мускулот.

ЛЕСНИ ТЕЖИНИ СО ГОЛЕМ БРОЈ ПОВТОРУВАЊА

Кога циркулацијата на крвта е лоша, тогаш помалку хранливи материи се носат до ткивата каде што се потрбни за да може да се опорават, градат и да растат. Тогаш овде е потребен тренингот со мали тежини и со голем број на повторувања. Големиот број на повторувања имаат ефект на проширувањето на крвните садови во мускулите со што се подобрува протокот на крвта таму каде што е најпотребно.

Само големиот број на повторувања не предизвикуваат директен раст на мускулите, освен ако не кренете соодветна тежина.

 

СРЕДНИ ТЕЖИНИ СО ГОЛЕМ БРОЈ ПОВТОРУВАЊА

Тренингот со средни тежини и голем број на повторувања нуди многу придобивки и подобрувањето на циркулацијата на крвта, исто како и со тренингот со мали тежини со голем број на повторувања. Предноста тука е што поголемата тежина дирекно го стимулира мускулниот раст и истовремено подобрувајќи ја циркулацијата, а со тоа и побрзото закрепнување.

Овој принцип може да се користи за сите типови вежби. Земете малку полесни тежини од тие што мислите дека Ви се доволни и сконцентрирајте се да направите многу повторувања. Правете најмалку од 15 – 20 повторувања во серија.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.