Предности од трчање во групи

Голем е бројот на тркачи/ки, кои сакаат да трчаат сами. Тоа е сосема во ред, но сите оние кои се обиделе да трчаат со друштво, сведочат дека имаат повеќе од добро искуство. Еве некои од најпознатите широко признати придобивките од трчањето во група.

СИГУРНОСТ

Очигледно е многу побезбедно да се трча во парови или со група. Ако некој во групата се повреди, или  е болен, секогаш постои некој да му помогне.

СТИМУЛАЦИЈА

Некои луѓе сакаат да трчаат сами, со тоа што ќе се препуштат на сопствените мисли и размислувања. Но, всушност малкумина се свесни за тоа дека со трчањето во групи стимулира многу повеќе позитивна енергија и размислување.

МОТИВАЦИЈА

Кога трчате во групи секогаш имате некој со вас кој ќе ве бодри и мотивира. членовите на тркачките клубови и тимови, секогаш се поддржуваат еден со друг, особено за време на долги трки.

ПОДОБИ РЕЗУЛТАТИ

Колку и да е трчањето нешто што го правиме за нас, за себе, вистината е дека на секој му  треба малку појака конкуренција . Кога ќе стартувате со група која ве поттикнува да трчате побрзо, ќе придонесе за многу полесно да напредувате.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.